Bosch 0.601.5A5.100 - Инструкция по эксплуатации - Страница 160

Лобзики Bosch 0.601.5A5.100 - инструкция пользователя по применению, эксплуатации и установке на русском языке. Мы надеемся, она поможет вам решить возникшие у вас вопросы при эксплуатации техники.

Если остались вопросы, задайте их в комментариях после инструкции.

"Загружаем инструкцию", означает, что нужно подождать пока файл загрузится и можно будет его читать онлайн. Некоторые инструкции очень большие и время их появления зависит от вашей скорости интернета.
Страница:
/ 222
Загружаем инструкцию
background image

160

 | Македонски 

1 609 92A 15H | (16.1.15)

Bosch Power Tools

Користете соодветни уреди за пребарување, за да 
ги пронајдете скриените електрични кабли или 
консултирајте се со локалното претпријатие за 
снабдување со електрична енергија. 

Контактот со 

електрични кабли може да доведе до пожар и 
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да 
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни 
цевки предизвикува оштетување.

Зацврстете го парчето што се обработува. 

Доколку го 

зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш 
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку 
со Вашата рака.

Почекајте додека електричниот апарат сосема не 
прекине со работа, пред да го тргнете настрана. 

Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе 
до губење контрола над уредот.

Пред било каква интервенција на електричниот 
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како 
и при негов транспорт и складирање, извадете ја 
батеријата од него. 

При невнимателно ракување со 

прекинувачот за вклучување/исклучување постои 
опасност од повреди.

Не ја отворајте батеријата. 

Постои опасност од краток 

спој.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од 
трајно изложување на сончеви зраци, оган, 
вода или влага. 

Постои опасност од 

експлозија.

Доколку се оштети батеријата или не се користи 
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете 
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги 
на лекар. 

Пареата може да ги надразни дишните 

патишта.

Користете батерии кои се соодветни на Вашиот 
електричен апарат од Bosch. 

Само на тој начин 

батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.

Батеријата може да се оштети од острите предмети 
како на пр. клинци или одвртувач или надворешно 
влијание. 

Може да дојде до внатрешен краток спој и 

батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира 
или да се прегрее.

Опис на производот и моќноста

Прочитајте ги сите напомени и упатства 
за безбедност. 

Грешките настанати како 

резултат од непридржување до 
безбедносните напомени и упатства може 
да предизвикаат електричен удар, пожар 
и/или тешки повреди.

Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ 
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го 
читате упатството за употреба.

Употреба со соодветна намена

Електричниот апарат е наменет за сечење во дрво, 
пластика, метал, керамички плочки и гумени материјали 
на стабилна подлога.

GST 18 V-LI S: 

Електричниот апарат е наменет за прави и 

криви резови.

GST 18 V-LI B: 

Електричниот апарат е наменет за прави и 

криви резови под агол на закосување до 45 °.

Внимавајте на безбедносните напомени за пила.

Светлото на овој електричен апарат е наменето да го 
осветли директно полето на работа на електричниот 
апарат и не е погодно за просторно осветлување во 
домаќинството.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на 
приказот на електричните апарати на графичката 
страница.

1

Блокада при вклучување на прекинувачот за 
вклучување/исклучување

2

Прекинувач за вклучување/исклучување

3

Батерија *

4

Копче за отклучување на батеријата

5

Инбус клуч  (само GST 18 V-LI B)

6

Пластична лизгачка плоча

7

Основна плоча

8

Лост за подесување на осцилациите

9

Водечки валјак

10

Лист на пилата*

11

SDS-лост за отклучување на листот за пила

12

Лампа „PowerLight“

13

Заштита од случаен контакт

14

Рачка (изолирана површина на дршката)

15

Копче за сијалицата „PowerLight“

16

Копче за подесување на бројот на удари

17

Копче за приказот за наполнетост на батеријата *

18

Приказ за наполнетоста на батеријата *

19

Лост за подигање

20

Млазници за вшмукување *

21

Црево за вшмукување *

22

Заштита од кинење

23

Челична лизгачка папуча *

24

Шраф

25

Скала на закосени агли  (само GST 18 V-LI B)

* Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од 
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да 
ја најдете во нашата Програма за опрема.

OBJ_BUCH-2148-002.book  Page 160  Friday, January 16, 2015  11:21 AM

Характеристики

Оцените статью
tehnopanorama.ru
Остались вопросы?

Не нашли свой ответ в руководстве или возникли другие проблемы? Задайте свой вопрос в форме ниже с подробным описанием вашей ситуации, чтобы другие люди и специалисты смогли дать на него ответ. Если вы знаете как решить проблему другого человека, пожалуйста, подскажите ему :)

Задать вопрос

Часто задаваемые вопросы
Как посмотреть инструкцию к Bosch 0.601.5A5.100?
Необходимо подождать полной загрузки инструкции в сером окне на данной странице
Руководство на русском языке?
Все наши руководства представлены на русском языке или схематично, поэтому вы без труда сможете разобраться с вашей моделью
Как скопировать текст из PDF?
Чтобы скопировать текст со страницы инструкции воспользуйтесь вкладкой "HTML"