Bosch GWS 12V-76 - Инструкция по эксплуатации - Страница 184

Шлифмашины Bosch GWS 12V-76 - инструкция пользователя по применению, эксплуатации и установке на русском языке. Мы надеемся, она поможет вам решить возникшие у вас вопросы при эксплуатации техники.

Если остались вопросы, задайте их в комментариях после инструкции.

"Загружаем инструкцию", означает, что нужно подождать пока файл загрузится и можно будет его читать онлайн. Некоторые инструкции очень большие и время их появления зависит от вашей скорости интернета.
Страница:
/ 256
Загружаем инструкцию
background image

184

 | Македонски 

1 609 92A 29F | (21.7.16)

Bosch Power Tools

Грубо брусење

Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење 
за грубо брусење.

Со подесување на аголот од 30 ° до 40 ° при грубо брусење 
ќе добиете најдобри резултати при работењето. 
Поместувајте го електричниот апарат со притисок наваму-
натаму. Притоа, делот што се обработува нема да се 
вжешти, да се офарба и нема да има бразди.

Сечење на метал

При сечењето со композитни брусни средства 
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење 
10.

При сечењето со брусни плочи секогаш работете со 
умерено поместување нанапред по материјалот. Не 
правете притисок на брусната плоча за сечење, не одете 
во агли и не осцилирајте.

Не ги кочете брусните плочи за сечење со страничен 
притисок.

Електричниот апарат секогаш мора да се води во 
спротивен правец на движење. Инаку постои опасност, тој 

неконтролирано

 да се истисне од резот.

При сечење на профили и четириаголни цевки, најдобро е 
да поставите на најмалиот пресек.

Сечење на камен

При сечењето во камен погрижете се за доволно 
вшмукување на правта.

Носете маска за заштита од прав.

Електричниот апарат смее да се користи само за 
сечење/брусење на суви материјали.

За сечење на камен најдобро е да употребите дијамантска 
брусна плоча за сечење.

При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон со 
чакал, дијамантската брусна плоча за сечење може да се 
прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи околу 
дијамантската брусна плоча за сечење јасно укажува на 
тоа.
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и 
оставете ја кратко дијамантската брусна плоча за сечење 
во празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.

Значителното попуштање во работата и венецот од искри 
кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча. 
Може повторно да ја наострите со кратки резови во 
абразивен материјал, на пр. силикатен камен.

Напомени за статиката

Процепите во носечките ѕидови подлежат на нормата 
DIN 1053 дел 1 или прописите специфични за земјата.
Мора неопходно да се придржувате до овие прописи. 
Пред почетокот на работата повикајте го одговорниот 
статичар, архитект или надлежните градежни 
раководители за да се советувате.

Напомени за оптимално користење на батериите

Складирајте ја батеријата во граници на температура од 
– 20 ° C  до  50 ° C.  не  ја оставајте батеријата на пр. во 
автомобилот летно време.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека 
батеријата е потрошена и мора да се замени.

Внимавајте на напомените за отстранување.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

Пред било каква интервенција на електричниот 
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како 
и при негов транспорт и складирање, извадете ја 
батеријата од него. 

При невнимателно ракување со 

прекинувачот за вклучување/исклучување постои 
опасност од повреди.

Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и 
отворите за проветрување, за да може добро и 
безбедно да работите.

Складирајте ја и третирајте го приборот со внимание.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во 
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ 
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и 
информации за резервни делови ќе најдете на:

www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви 
помогне доколку имате прашања за нашите производи и 
опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве 
молиме наведете го 10-цифрениот број од 
спецификационата плочка на производот.

Македонија

Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888

Транспорт

Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на 
Законот за опасни материјали. Батериите може да се 
транспортираат само од страна на корисникот, без 
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. 
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се 
внимава на специјалните напомени на амбалажата и 
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката 
мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е 
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте 
ја батеријата на тој начин што нема да се движи во 
амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни 
национални прописи.

OBJ_BUCH-2937-001.book  Page 184  Thursday, July 21, 2016  1:30 PM

Характеристики

Оцените статью
tehnopanorama.ru
Остались вопросы?

Не нашли свой ответ в руководстве или возникли другие проблемы? Задайте свой вопрос в форме ниже с подробным описанием вашей ситуации, чтобы другие люди и специалисты смогли дать на него ответ. Если вы знаете как решить проблему другого человека, пожалуйста, подскажите ему :)

Задать вопрос

Часто задаваемые вопросы
Как посмотреть инструкцию к Bosch GWS 12V-76?
Необходимо подождать полной загрузки инструкции в сером окне на данной странице
Руководство на русском языке?
Все наши руководства представлены на русском языке или схематично, поэтому вы без труда сможете разобраться с вашей моделью
Как скопировать текст из PDF?
Чтобы скопировать текст со страницы инструкции воспользуйтесь вкладкой "HTML"