Пилы дисковые Bosch GKS 55+ GCE (0601682100) - инструкция пользователя по применению, эксплуатации и установке на русском языке. Мы надеемся, она поможет вам решить возникшие у вас вопросы при эксплуатации техники.
Если остались вопросы, задайте их в комментариях после инструкции.
"Загружаем инструкцию", означает, что нужно подождать пока файл загрузится и можно будет его читать онлайн. Некоторые инструкции очень большие и время их появления зависит от вашей скорости интернета.

172
| Македонски
2 609 932 939 | (21.5.14)
Bosch Power Tools
Отворете ја долната заштитна хауба со рака, за
специјални резови како „за резови со вдлабнување
и аголни резови“. Отворете ја долната заштитна
хауба со лостот за повлекување и отпуштете го,
штом ќе вдлабне листот на пилата во делот што се
обработува.
При секое друго работење со пилата,
долната заштитна хауба треба автоматски да работи.
Никогаш не ја ставајте пилата на работната маса или
на подот, доколку долната заштитна хауба не го
покрива листот на пилата.
Незаштитениот лист на
пилата ќе ја придвижи пилата спротивно од правецот на
сечење и ќе исече се што му стои на патот. Земете го во
обѕир времето потребно за да запре пилата.
Дополнителни сигурносни напомени
Не ја фаќајте исфрлената струготина со раце.
Може
да се повредите од ротирачките делови.
Не работете со пилата на плафон.
Тогаш немате
доволна контрола врз електричниот апарат.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија.
Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
Не го фиксирајте електричниот апарат.
Тој не е
предвиден за работа на маса за сечење.
Не користете листови на пила од HSS-челик.
Таквите
листови на пила може лесно да се скршат.
Не сечете железни метали.
Струготините би можеле
да го запалат вшмукувачот за прав.
При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба.
Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
Зацврстете го парчето што се обработува.
Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност.
Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
GKS 55:
Електричниот апарат е наменет за правење на должински
и напречни резови на дрво со рамни и коси резови. Со
соодветни листови за пила може да се сечат и тенки
нежелезни метали, на пр. профили.
Обработката на железни метали не е дозволена.
GKS 55 GCE:
Електричниот апарат е наменет за правење на должински
и напречни резови на дрво со рамни и коси резови. Со
соодветни листови за пила може да се сечат и тенки
нежелезни метали (на пр. профили), лесни градежни
материјали и пластика.
Обработката на железни метали не е дозволена.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1
Прекинувач за вклучување/исклучување
2
Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
3
Копче за контрола на бројот на вртежи (GKS 55 GCE)
4
Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
5
Копче за блокирање на вретеното
6
Скала на закосени агли
7
Пеперутка завртка за паралелниот граничник
8
Пеперутка завртка за претходно бирање на аголот на
косо сечење
9
Ознака на резот 0 °
10
Ознака на резот 45 °
11
Инбус клуч
12
Паралелен граничник *
13
Заштитна хауба со повратен механизам
14
Лост за подесување на заштитната хауба со повратен
механизам
15
Основна плоча
16
Пеперутка-завртка за претходно избирање на аголот
на косо сечење
17
Исфрлувач на струготини
18
Заштитна хауба
19
Рачка (изолирана површина на дршката)
20
Затезен шраф со подлошка
21
Стезна прирабница
22
Лист за кружната пила *
23
Приклучна прирабница
24
Вретено на пилата
25
Адаптер за вшмукување *
26
Затезен лост за претходно бирање на длабочината на
сечење
OBJ_BUCH-244-007.book Page 172 Wednesday, May 21, 2014 11:05 AM
Содержание
- 132 Описание продукта и услуг; Применение по назначению
- 133 Технические данные
- 134 Заявление о соответствии; Сборка; Установка/смена пильного диска; Отсос пыли и стружки
- 135 Работа с инструментом; Режимы работы
- 136 Указания по применению; Техобслуживание и сервис; Техобслуживание и очистка
- 137 Утилизация
Характеристики
Остались вопросы?Не нашли свой ответ в руководстве или возникли другие проблемы? Задайте свой вопрос в форме ниже с подробным описанием вашей ситуации, чтобы другие люди и специалисты смогли дать на него ответ. Если вы знаете как решить проблему другого человека, пожалуйста, подскажите ему :)