Гайковерты Makita TL065DZ - инструкция пользователя по применению, эксплуатации и установке на русском языке. Мы надеемся, она поможет вам решить возникшие у вас вопросы при эксплуатации техники.
Если остались вопросы, задайте их в комментариях после инструкции.
"Загружаем инструкцию", означает, что нужно подождать пока файл загрузится и можно будет его читать онлайн. Некоторые инструкции очень большие и время их появления зависит от вашей скорости интернета.

40
МАКЕДОНСКИ
Прекинувач за обратна акција
►
Сл.5:
1.
Рачка на прекинувачот за обратна акција
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте ја
насоката на ротација пред работата.
ВНИМАНИЕ:
Користете го прекинувачот за
обратна акција само откако алатот целосно ќе
запре.
Променувањето на насоката на ротација
пред алатот целосно да застане може да го
оштети алатот.
ВНИМАНИЕ:
Кога не работите со алатот,
секогаш поставувајте го прекинувачот за
обратна акција во неутрална положба.
Овој алат има прекинувач за обратна акција за
променување на насоката на ротација. Отпуштете го
прекинувачот за обратна акција од страна А за ротација
во насока на стрелките на часовникот или од страна B за
ротација во насока спротивна од стрелките на часовникот.
Кога рачката на прекинувачот за обратна акција е
во неутрална положба, рачката на прекинувачот за
вклучување не може да се повлече.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
Поставување или отстранување
бургија за одвртување
За алат со ракав за држење на
втичникот
Користете само бургија за одвртување/приклучок
за бургијата што има дел за вметнување како што е
прикажано на сликата. Не користете никаква друга
бургија за одвртување/приклучок за бургијата.
►
Сл.6:
(1)
12 мм
(2)
9 мм
За да ја поставите бургијата за одвртување,
повлечете го ракавот во насока на стрелката и
ставете ја бургијата за одвртување во ракавот колку
што може да влезе.
Потоа отпуштете го ракавот за да ја зацврстите
бургијата за одвртување.
►
Сл.7:
1.
Бургија за одвртување
2.
Ракав
За алат без ракав за држење на
втичникот
Користете само бургија за одвртување/приклучок
за бургијата што има дел за вметнување како што е
прикажано на сликата. Не користете никаква друга
бургија за одвртување/приклучок за бургијата.
►
Сл.8:
(1)
8 мм
Користете втичници прикажани на сликата. За да
го поставите втичникот, едноставно вметнете го во
вретеното.
►
Сл.9:
1.
Втичник
2.
Вретено
НАПОМЕНА:
Ако бургијата за одвртување
не е вметната доволно длабоко во ракавот,
ракавот нема да се врати во својата почетна
положба и бургијата за одвртување нема да
биде прицврстена. Во таков случај, обидете
се повторно да ја поставите бургијата според
упатствата дадени погоре.
Монтирање или отстранување на
насадникот
Секогаш користете насадник со правилна големина
за завртки и навртки. Насадник со неправилна
големина ќе предизвика неправилен и непостојан
вртежен момент за стегање и/или оштетување на
завртката или навртката.
За да го монтирате насадникот, турнете го на
основата од алатот додека не се заглави. За да го
отстраните насадникот, едноставно извлечете го.
►
Сл.10:
1.
Насадник
2.
Основа
Монтирање на куката
Опционален прибор
ВНИМАНИЕ:
Кога ја поставувате куката,
цврсто затегнете ја завртката. Во спротивно,
може да дојде до кршење на алатот или телесна
повреда.
►
Сл.11:
1.
Жлеб
2.
Кука
3.
Завртка
Куката е практична за привремено закачување на
алатот. Може да се монтира од двете страни на
алатот. За да ја поставите куката, вметнете ја во
жлебот на куќиштето на алатот од која било страна и
потоа зацврстете ја со завртка. За да ја отстраните,
олабавете ја завртката и извадете ја.
Нагодување на аголната глава
Аголната глава може да се нагоди 360° (8 положби
во раздели од по 45 степени).
1.
Олабавете ја шестаголната завртка и извадете
ја аголната глава.
►
Сл.12:
1.
Аголна глава
2.
Шестаголна завртка
2.
Нагодете ја аголната глава во саканата
положба и повторно поставете ја така што забите на
куќиштето да одговараат на жлебовите во главата.
►
Сл.13:
1.
Жлеб
2.
Заб
3.
Затегнете ја шестаголната завртка за да ја
прицврстите аголната глава.
Рамна глава и полуавтоматска глава
Опционален прибор
Рамните и полуавтоматските глави се достапни
како опционални додатоци за различни примени во
работата.
Рамна глава
►
Сл.14
Полуавтоматска глава
►
Сл.15
Характеристики
Остались вопросы?Не нашли свой ответ в руководстве или возникли другие проблемы? Задайте свой вопрос в форме ниже с подробным описанием вашей ситуации, чтобы другие люди и специалисты смогли дать на него ответ. Если вы знаете как решить проблему другого человека, пожалуйста, подскажите ему :)













