Bosch PKS 16 Multi (06033B3020) - Инструкция по эксплуатации - Страница 90

Пилы дисковые Bosch PKS 16 Multi (06033B3020) - инструкция пользователя по применению, эксплуатации и установке на русском языке. Мы надеемся, она поможет вам решить возникшие у вас вопросы при эксплуатации техники.

Если остались вопросы, задайте их в комментариях после инструкции.

"Загружаем инструкцию", означает, что нужно подождать пока файл загрузится и можно будет его читать онлайн. Некоторые инструкции очень большие и время их появления зависит от вашей скорости интернета.
Страница:
/ 148
Загружаем инструкцию
background image

90

 | Македонски 

1 609 92A 217 | (16.6.16)

Bosch Power Tools

Делот што се обработува никогаш не го држете во 
рака или над ногата. Зацврстете го делот што се 
обработува на стабилен прифат. 

Важно е, добро да го 

зацврстите делот што се обработува, за да ја сведете на 
минимум опасноста од телесен контакт, заглавување на 
листот на пилата или губење на контролата.

Држете го електричниот апарат само за 
изолираните површини на рачките, доколку вршите 
работи каде алатот што се вметнува може да наиде 
на скриени електрични кабли или сопствениот 
струен кабел. 

Контактот со електрични спроводници 

ги става и металните делови од електричниот апарат 
под напон и води до електричен удар.

При должинско сечење секогаш употребувајте 
граничник или аголна водилка. 

Ова ја подобрува 

прецизноста при сечење и ја намалува можноста да се 
заглави листот на пилата.

Секогаш користете листови за пила во правилна 
големина и со соодветен отвор на прифатот (на пр. 
со ромбоиден или тркалезен облик). 

Листовите за 

пила, што не одговараат на монтажните делови на 
пилата, нема да сечат рамно и може да доведат до 
губење на контролата.

Никогаш не употребувајте оштетени или погрешни 
подлошки или шрафови за листот за пилата. 

Подлошките или шрафовите за листот на пилата се 
специјално конструирани за вашата пила, за оптимална 
јачина или работна безбедност.

Последици од повратни удари  –  и соодветни 
безбедносни напомени 

–  повратниот удар е ненадејна реакција поради 

закачен, заглавен или погрешно насочен лист од 
пилата, што доведува до тоа пилата неконтролирано да 
се подигне и да излезе од делот што се обработува и да 
се придвижи во правец на лицето што ја користи;

–  доколку листот на пилата се закачи или заглави во 

резниот процеп, се блокира, и моторната сила ја враќа 
пилата во правец на лицето што ја користи;

–  доколку листот на пилата се изврти или погрешно го 

насочи резот на пилата, запците на задната ивица од 
листот на пилата може да се закачат на површината на 
делот што се обработува, при што листот на пилата се 
вади од резниот процеп и ја придвижува пилата во 
правец на лицето што ја користи.
Повратниот удар е последица од погрешна употреба на 
пилата. Тој може да се спречи со соодветни прописни 
мерки, како што е опишано подолу.

Држете ја цврсто пилата со двете дланки и 
наместете ги рацете во позиција во која ќе може да 
ја издржите повратната сила. Секогаш застанувајте 
бочно од листот за пилата, никогаш не го водете 
листот на пилата во иста линија со телото. 

Во случај 

на повратен удар, пилата може да отскокне наназад, но 
корисникот може да ја совлада доколку ги презел 
соодветните мерки.

Доколку се заглави листот на пилата или Вие ја 
прекинете работата, исклучете ја пилата и држете ја 
мирно во делот што се обработува, додека листот на 

пилата не дојде во состојба на мирување. Никогаш 
не се обидувајте да ја извадите пилата од делот што 
се обработува или да ја влечете наназад, доколку 
листот на пилата се движи, бидејќи така може да 
настане повратен удар. 

Откријте ја причината за 

заглавување на листот на пилата и преземете ги 
соодветните мерки.

Доколку сакате повторно да ја стартувате пилата 
што е заглавена во делот што се обработува, 
центрирајте го листот на пилата во резниот процеп и 
проверете, дали се заглавени запците од пилата во 
делот што се обработува. 

Доколку е заглавен листот 

на пилата, тој може да излезе од делот што се 
обработува и да предизвика повратен удар, доколку 
пилата одново се стартува.

Потпрете со големи плочи, за да го избегнете 
ризикот од повратен удар поради заглавен лист од 
пилата. 

Големите плочи може да се свиткаат под 

својата тежина. Плочите мора да ги потпрете на двете 
страни, како во близина на местото на сечење, така и на 
ивиците.

Не користете тапи или оштетени листови за пила. 

Листовите на пилата со тапи или неправилни запци, 
заради претесниот резен процеп, предизвикуваат 
зголемено триење и заглавување на листот на пилата 
или повратен удар.

Пред сечењето со пила зацврстете ги шрафовите за 
подесување на длабочината на сечење. 

Доколку за 

време на сечењето се променат поставките, листот на 
пилата може да се заглави и да настане повратен удар.

Особено бидете претпазливи при длабинско сечење 
во скриено подрачје, како на пример, во ѕид. 

Листот 

на пилата може да се блокира при сечењето во скриени 
предмети или да предизвика повратен удар.

Функција на заштитната хауба

Пред секое користење, проверете дали заштитната 
хауба се затвора беспрекорно. Не ја користете 
пилата доколку заштитната хауба не се врти 
слободно или не се затвора веднаш. Никогаш не ја 
фиксирајте и не ја блокирајте заштитната хауба; 
така листовите на пилата би биле незаштитени. 

Доколку пилата падне на под поради невнимание, 
заштитната хауба би можела да се оштети. Проверете 
дали заштитната хауба може слободно да се движи и 
дали во секој агол и длабочина на сечење не го ниту 
допира листот на пилата ниту другите делови.

Проверете ја состојбата и функцијата на пружината 
на заштитната хауба. Доколку заштитната хауба и 
пружината не се беспрекорни, пилата треба да ја 
пратите на одржување пред да ја употребите. 

Оштетените делови, насобраната прашина или 
струготини ја успоруваат функцијата на заштитната 
хауба.

При „длабински рез“ и неаголни резови основната 
плоча треба да се постави за да го спречи 
страничното поместување. 

Страничното 

поместување може да доведе до заглавување на листот 
на пилата и до повратен удар.

OBJ_BUCH-1935-004.book  Page 90  Thursday, June 16, 2016  1:17 PM

Характеристики

Оцените статью
tehnopanorama.ru
Остались вопросы?

Не нашли свой ответ в руководстве или возникли другие проблемы? Задайте свой вопрос в форме ниже с подробным описанием вашей ситуации, чтобы другие люди и специалисты смогли дать на него ответ. Если вы знаете как решить проблему другого человека, пожалуйста, подскажите ему :)

Задать вопрос

Часто задаваемые вопросы
Как посмотреть инструкцию к Bosch PKS 16 Multi (06033B3020)?
Необходимо подождать полной загрузки инструкции в сером окне на данной странице
Руководство на русском языке?
Все наши руководства представлены на русском языке или схематично, поэтому вы без труда сможете разобраться с вашей моделью
Как скопировать текст из PDF?
Чтобы скопировать текст со страницы инструкции воспользуйтесь вкладкой "HTML"