Водонагреватели Gorenje GV 200 - инструкция пользователя по применению, эксплуатации и установке на русском языке. Мы надеемся, она поможет вам решить возникшие у вас вопросы при эксплуатации техники.
Если остались вопросы, задайте их в комментариях после инструкции.
"Загружаем инструкцию", означает, что нужно подождать пока файл загрузится и можно будет его читать онлайн. Некоторые инструкции очень большие и время их появления зависит от вашей скорости интернета.
18
УПОТРЕБА И ОДРЖУВАЊЕ
По приклучување на водоводните и другите извори на греење, резервоарот за топла
вода е подготвен за употреба. Пред првата употреба, резервоарот за топла вода мора
облигаторно најпрво да го наполните со вода. При првото полнење отворете ја рачката
за топла вода на славината. Резервоарот за топла вода е наполнет кога од излезната
цевка на славината ќе потече вода.
Вообичаено извор за греење на санитарна вода е централното греење или
сончевата енергија, при што регулацијата на греењето топла вода се врши во
системот за греење.
Надворешната страна на резервоарот за топла вода чистете го со малку натопен
прашок за перење. Не употребувајте разредувачи и груби средства за чистење.
Со редовните сервисни прегледи ќе загарантирате безгрешна работа и долг век на
резервоарот за топла вода. Првиот преглед нека го изврши овластена сервисна служба
приближно две години по приклучувањето. При прегледот да се провери истрошеноста
на антикорозивната заштитна анода и, по потреба, да се исчисти водниот камен, кој
зависно од квалитетот, количеството и температурата на потрошена вода, се собира
во внатрешноста на бојлерот. По прегледот на резервоарот за топла вода сервисната
служба, зависно од констатираната состојба, ќе ви препорача и датум за следната
контрола.
Истрошеноста на антикорозиската заштитна анода се проверува оптички. Замена на
анодата е неопходна доколку при прегледот се утврди дека дијаметарот на анодата е
значително намален или е истрошена сè до челичното јадро.
Гаранцијата за котелот ќе можете да ја искористите само доколку редовно ја проверувате
заштитната анода.
Ве молиме да не ги поправате сами можните дефекти на резервоарот, туку за тоа
да ја информирате најблиската сервисна служба.
MK