Philips GC7844/20 - Инструкция по эксплуатации - Страница 104

Парогенераторы Philips GC7844/20 - инструкция пользователя по применению, эксплуатации и установке на русском языке. Мы надеемся, она поможет вам решить возникшие у вас вопросы при эксплуатации техники.

Если остались вопросы, задайте их в комментариях после инструкции.

"Загружаем инструкцию", означает, что нужно подождать пока файл загрузится и можно будет его читать онлайн. Некоторые инструкции очень большие и время их появления зависит от вашей скорости интернета.
Страница:
/ 113
Загружаем инструкцию
background image

106

Безбедно спуштање

Спуштање на пеглата додека ја поместувате облеката

Додека ја поместувате облеката, пеглата можете да ја спуштите на подножјето или хоризонтално на штицата 
за пеглање (сл. 2). Благодарение на технологијата OptimalTEMP, грејната плоча нема да ја оштети навлаката на 
штицата за пеглање.

Заштеда на енергија

Режим Eco

Со користење на режимот ECO (намалена количина на пареа) можете да заштедите енергија без компромиси во 
резултатот на пеглањето.

За да го активирате режимот ECO, притиснете го копчето ECO (сл. 14). Зелениот индикатор ECO ќе се вклучи.

За да го деактивирате режимот ECO, повторно притиснете го копчето ECO. Зелениот индикатор ECO ќе се 
исклучи.

Режим за безбедносно автоматско исклучување (само одредени модели)

 

- За да се заштеди енергија, апаратот автоматски ќе се исклучи ако не го користите 5 минути. Индикаторот за 

автоматско исклучување на копчето за вклучување/исклучување започнува да трепка.

 

- За повторно да го активирате апаратот, притиснете го копчето за вклучување/исклучување. Потоа апаратот 

повторно почнува да се загрева.

Предупредување: никогаш не оставајте го апаратот без надзор кога е приклучен на електричната мрежа. 

Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер по користењето.

Чистење и одржување

Систем Smart Calc-Clean 

Апаратот користи систем Smart Calc-Clean што овозможува редовно отстранување бигор и чистење. Тоа помага 
во одржувањето силен млаз на пареа и спречува излегување на нечистотии и дамки од грејната плоча со текот 
на времето. Генераторот за пареа редовно дава потсетници за да се изврши постапката за чистење.

Звучен и светлосен потсетник за Calc-Clean

По 1 до 3 месеци користење, индикаторот Calc-Clean ќе почне да трепка и апаратот ќе почне да дава звучен 
сигнал што укажува на тоа дека е потребно да ја извршите постапката Calc-Clean (сл. 15).
Освен тоа, вграден е и втор систем за заштита на генераторот за пареа од бигор: функцијата за пареа се 
оневозможува ако не се изврши функцијата за отстранување бигор (сл. 16). Откако ќе се изврши отстранувањето 
бигор, функцијата за пареа повторно ќе се овозможи. Ова се врши без оглед на типот вода што се користи.

Забелешка: постапката Calc-Clean може да се изврши во секое време, дури и ако сè уште не се активирал 
звучниот и светлосен потсетник.

Извршување на постапката Calc-Clean со садот Calc-Clean

Предупредување: не оставајте го апаратот без надзор во текот на постапката Calc-Clean.

Внимание: секогаш извршувајте ја постапката Calc-Clean со садот Calc-Clean. Немојте да ја прекинувате 

постапката со подигнување на пеглата од садот Calc-Clean, бидејќи од грејната плоча ќе излезе врела вода и 

пареа.

Наполнете го резервоарот за вода до половина (сл. 17).

Забелешка: апаратот мора да биде приклучен во напојување и ВКЛУЧЕН при постапката Calc-Clean.

Поставете го садот Calc-Clean на штицата за пеглање или на друга рамна и стабилна површина (сл. 18).

Македонски

Характеристики

Оцените статью
tehnopanorama.ru
Остались вопросы?

Не нашли свой ответ в руководстве или возникли другие проблемы? Задайте свой вопрос в форме ниже с подробным описанием вашей ситуации, чтобы другие люди и специалисты смогли дать на него ответ. Если вы знаете как решить проблему другого человека, пожалуйста, подскажите ему :)

Задать вопрос

Часто задаваемые вопросы
Как посмотреть инструкцию к Philips GC7844/20?
Необходимо подождать полной загрузки инструкции в сером окне на данной странице
Руководство на русском языке?
Все наши руководства представлены на русском языке или схематично, поэтому вы без труда сможете разобраться с вашей моделью
Как скопировать текст из PDF?
Чтобы скопировать текст со страницы инструкции воспользуйтесь вкладкой "HTML"