Bosch GSR 140-LI (06019F8000) - Инструкция по эксплуатации - Страница 155

Шуруповерты Bosch GSR 140-LI (06019F8000) - инструкция пользователя по применению, эксплуатации и установке на русском языке. Мы надеемся, она поможет вам решить возникшие у вас вопросы при эксплуатации техники.

Если остались вопросы, задайте их в комментариях после инструкции.

"Загружаем инструкцию", означает, что нужно подождать пока файл загрузится и можно будет его читать онлайн. Некоторые инструкции очень большие и время их появления зависит от вашей скорости интернета.
Страница:
/ 209
Загружаем инструкцию
background image

 Македонски | 

155

Bosch Power Tools

1 609 92A 34L | (15.9.16)

Брзо исклучување

Брзото исклучување овозможува подобра контрола на 
електричниот апарат. При ненадејна и непредвидена 
ротација на електричниот апарат околу оската за дупчење, 
електричниот апарат се исклучува.

Брзото исклучување е прикажано со трепкање на LED на 
електричниот апарат.

За 

повторно ставање во употреба

 отпуштете го 

прекинувачот за вклучување/исклучување и одново 
притиснете го.

Брзото исклучување може да се активира само кога 
електричниот апарат работи со максимален број на 
работни вртежи и може да се врти слободно околу 
оската на бургијата. 

Притоа, изберете погодна 

работна позиција. Инаку не е загарантирано дека ќе се 
активира брзото исклучување.

Совети при работењето

Прекинувачот за менување брзини притиснете го до 
крај, односно прекинувачот за избор на начин на 
работа свртете го до крај. 

Инаку електричниот апарат 

може да се оштети.

Електричниот апарат ставете го на шрафот само 
доколку е исклучен. 

Доколку апаратот е вклучен и се 

врти, тој може да се преврти и падне.

За да го извадите битот за одвртувачот или универзалниот 
држач за битови, може да користите помошен алат.

Работа во околина со премногу прашина може да 
доведе до прекинување на работата на 
електричниот уред. Доколку електричниот уред 
прекине со работа, извадете ги јаглеродните четки и 
проверете ги (види поглавје „Менување на 
карбонските четки“). 

Одржување и сервис

Одржување и чистење

Пред било каква интервенција на електричниот 
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како 
и при негов транспорт и складирање, извадете ја 
батеријата од него. 

При невнимателно ракување со 

прекинувачот за вклучување/исклучување постои 
опасност од повреди.

Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и 
отворите за проветрување, за да може добро и 
безбедно да работите.

Менување на карбонските четки (види слика C)

Проверувајте ја должината на карбонските четки на секои 
2 – 3  месеци,  и  доколку  е  потребно заменете ги.

Никогаш не менувајте само една карбонска четка!

Напомена: 

Користете само карбонски четки од Bosch, кои 

се наменети за производот.

Одвртете ги капачињата 

6

 со соодветен одвртувач.

Заменете ги карбонските четки 

14

 што се под притисок 

на пружината и повторно зашрафете ги капачињата.

Доколку батеријата не функционира повеќе, Ве молиме 
обратете се во овластената сервисна служба за Bosch 
електрични апарати.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во 
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ 
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и 
информации за резервни делови ќе најдете на:

www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви 
помогне доколку имате прашања за нашите производи и 
опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве 
молиме наведете го 10-цифрениот број од 
спецификационата плочка на производот.

Македонија

Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888

Транспорт

Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на 
Законот за опасни материјали. Батериите може да се 
транспортираат само од страна на корисникот, без 
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. 
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се 
внимава на специјалните напомени на амбалажата и 
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката 
мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е 
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте 
ја батеријата на тој начин што нема да се движи во 
амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни 
национални прописи.

Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и 
амбалажите треба да се отстранат на еколошки 
прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во 
домашната канта за ѓубре!

Само за земји во рамки на ЕУ

Според европската регулатива 
2012/19/EU електричните апарати што се 
вон употреба и дефектните или 
искористените батерии според 
регулативата 2006/66/EC мора одделно 
да се соберат и да се рециклираат за 
повторна употреба.

OBJ_BUCH-2945-001.book  Page 155  Thursday, September 15, 2016  8:36 AM

Характеристики

Оцените статью
tehnopanorama.ru
Остались вопросы?

Не нашли свой ответ в руководстве или возникли другие проблемы? Задайте свой вопрос в форме ниже с подробным описанием вашей ситуации, чтобы другие люди и специалисты смогли дать на него ответ. Если вы знаете как решить проблему другого человека, пожалуйста, подскажите ему :)

Задать вопрос

Часто задаваемые вопросы
Как посмотреть инструкцию к Bosch GSR 140-LI (06019F8000)?
Необходимо подождать полной загрузки инструкции в сером окне на данной странице
Руководство на русском языке?
Все наши руководства представлены на русском языке или схематично, поэтому вы без труда сможете разобраться с вашей моделью
Как скопировать текст из PDF?
Чтобы скопировать текст со страницы инструкции воспользуйтесь вкладкой "HTML"