Bosch GWS 24-300 J - Инструкция по эксплуатации - Страница 175

Шлифмашины Bosch GWS 24-300 J - инструкция пользователя по применению, эксплуатации и установке на русском языке. Мы надеемся, она поможет вам решить возникшие у вас вопросы при эксплуатации техники.

Если остались вопросы, задайте их в комментариях после инструкции.

"Загружаем инструкцию", означает, что нужно подождать пока файл загрузится и можно будет его читать онлайн. Некоторые инструкции очень большие и время их появления зависит от вашей скорости интернета.
Страница:
/ 242
Загружаем инструкцию
background image

 Македонски | 

175

Bosch Power Tools

1 609 92A 0J8 | (4.7.14)

Одржувајте ги грижливо електричните апарати. 
Проверете дали подвижните делови функционираат 
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или 
оштетени, што може да ја попречи функцијата на 
електричниот апарат. Поправете ги оштетените 
делови пред користењето на уредот. 

Многу несреќи 

својата причина ја имаат во лошо одржуваните 
електрични апарати.

Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. 

Внимателно одржуваните алати за сечење со остри 
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив 
полесно се работи.

Користете ги електричните апарати, опремата, 
додатоците за алатите итн. во согласност со ова 
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните 
услови и дејноста што треба да се изврши. 

Користењето на електрични апарати за друга употреба 
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.

Сервис

Поправката на Вашиот електричен апарат смее да 
биде извршена само од страна на квалификуван 
стручен персонал и само со користење на 
оригинални резервни делови. 

Само на тој начин ќе 

бидете сигурни во безбедноста на електричниот 
апарат.

Безбедносни напомени за брусилки за сечење 
со брусни плочи

Заштитната хауба мора да се зацврсти на 
електричниот апарат и на највисоко ниво на 
безбедност, т. е. и најмалите делови на брусното 
тело да бидат видливи за лицето што го користи 
апаратот. Лицата што се наоѓаат во близина држете 
ги подалеку од нивото на ротирачката брусна плоча. 

Заштитната хауба треба да го заштити лицето што 
ракува од скршени парчиња и случаен контакт со 
брусното тело.

Користете исклучиво дијамантски брусни плочи за 
сечење за вашиот електричен уред. 

Не Ви е 

загарантирана безбедната употреба, само заради 
фактот дека приборот може да се прицврсти на вашиот 
електричен апарат.

Дозволениот број на вртежи на алатот што се 
вметнува мора да биде исто толку висок како 
највисокиот број на вртежи наведен на 
електричниот апарат. 

Приборот кој се врти побрзо од 

дозволеното може да се скрши и да летне од апаратот.

Телата за брусење смее да се користат само за 
предвидените можности на примена. На пр.: не 
брусете со страничната површина на брусната плоча 
за сечење. 

Брусните плочи за сечење се наменети за 

сечење материјал со работ на плочата. Со странична 
употреба на сила на овие брусни тела, тие може да се 
скршат.

Секогаш користете неоштетена стезна прирабница 
со соодветна големина на брусните плочи што сте ги 
одбрале за работа. 

Соодветната прирабница ја држи 

брусната плоча и така ја намалува опасноста од кршење 
на брусната плоча.

Не користете истрошени брусни плочи од големи 
електрични апарати. 

Брусните плочи за големи 

електрични алати не се предвидени за повисок број на 
вртежи за малите електрични апарати и може да се 
скршат.

Надворешниот дијаметар и дебелината на алатот 
што се вметнува мора да одговараат на димензиите 
на вашиот електричен апарат. 

Погрешно 

димензионираните алати за вметнување не може 
доволно да се заштитат или контролираат.

Брусните плочи и прирабницата мора точно да 
одговараат на вретеното за брусење на вашиот 
електричен апарат. 

Алатите за вметнување што не 

може точно да се прицврстат на вретеното за брусење 
на електричниот апарат, се вртат нерамномерно, 
вибрираат многу јако и може да доведат до губење на 
контролата.

Не користете оштетени брусни плочи. Пред секоја 
употреба проверете ги брусните плочи дали се 
искинати и со пукнатини. Доколку ви падне 
електричниот апарат или брусната плоча, проверете 
дали се оштетени или пак употребете неоштетена 
брусна плоча. Откако сте ја провериле и ставиле 
брусната плоча, не им дозволувајте на лицата да 
бидат во близина на нивото на ротирачката брусна 
плоча и оставете го апаратот да врти една минута на 
највисок број на вртежи. 

Повеќето од оштетените 

брусни плочи ќе се скршат во текот на овој пробен 
период.

Носете заштитна опрема. Во зависност од 
употребата, носете целосна заштита за лицето, 
очите и заштитни очила. Доколку е потребно, носете 
маска за заштита од прав, заштита за слух, заштитни 
ракавици или специјални престилки што ќе ве 
заштитат од честичките настанати при брусење на 
материјалот. 

Треба да ги заштитите очите од туѓите 

тела што летаат наоколу, а се настанати од различната 
употреба на уредот. Маските за заштита од прав и 
заштита при вдишувањето мора да ја филтрираат 
правта што настанува при употребата. Доколку сте 
изложени на гласна врева подолго време, може да го 
изгубите слухот.

Доколку има други лица во работното поле, држете 
ги на безбедно растојание. Секое лице што ќе влезе 
во работното поле, мора да носи лична заштитна 
опрема. 

Парчињата од делот што се обработува или 

скршениот алат за вметнување може да летнат наоколу 
и да предизвикаат повреди и надвор од директното 
поле на работа.

Држете го уредот само за изолираните површини на 
рачките, доколку вршите работи каде алатот што се 
вметнува може да наиде на скриени електрични 
кабли или сопствениот струен кабел. 

Контактот со 

струјниот кабел може да ги стави под напон металните 
делови на уредот и да доведе до електричен удар.

OBJ_BUCH-280-005.book  Page 175  Friday, July 4, 2014  10:30 AM

Характеристики

Оцените статью
tehnopanorama.ru
Остались вопросы?

Не нашли свой ответ в руководстве или возникли другие проблемы? Задайте свой вопрос в форме ниже с подробным описанием вашей ситуации, чтобы другие люди и специалисты смогли дать на него ответ. Если вы знаете как решить проблему другого человека, пожалуйста, подскажите ему :)

Задать вопрос

Часто задаваемые вопросы
Как посмотреть инструкцию к Bosch GWS 24-300 J?
Необходимо подождать полной загрузки инструкции в сером окне на данной странице
Руководство на русском языке?
Все наши руководства представлены на русском языке или схематично, поэтому вы без труда сможете разобраться с вашей моделью
Как скопировать текст из PDF?
Чтобы скопировать текст со страницы инструкции воспользуйтесь вкладкой "HTML"