Микроволновые печи Gorenje MMO 20 MW - инструкция пользователя по применению, эксплуатации и установке на русском языке. Мы надеемся, она поможет вам решить возникшие у вас вопросы при эксплуатации техники.
Если остались вопросы, задайте их в комментариях после инструкции.
"Загружаем инструкцию", означает, что нужно подождать пока файл загрузится и можно будет его читать онлайн. Некоторые инструкции очень большие и время их появления зависит от вашей скорости интернета.
36
Употребувајте ги помагалата (помошните средатва),
соодветно за употреба во микробанова печка.
Кога загревате храна во пластична или во хартиена
амбалажа, односно чинија, надгледувајте го процесот на
загревање поради опасноста таквата амбалажа, т.е. сад, да
се запали.
Ако забележите чад, апаратот исклучете го од електричната
мрежа, а вратата оставете ја затворена, за да го изгаснете
можниот оган.
Кога во микробрановата печка загревате пијалак, по некое
време може пијалокот да зоврие и да претече, па затоа во
таков случај однесувајте се особено внимателно.
За да не дојде до изгореници, пред употребата промешајте
ја или протресете ја содржината на шишенцето за доенчиња
или шишенцата со храна за доенчиња и проверете ја
температурата на содржината.
Во микробрановата печка не загревајте јајца со лушпа или
тврдо варени јајца бидејќи може да експлодираат, дури и
откако загревањето во печката е веќе завршено.
Кога ја чистите површината на вратата, дихтувачката
површина, внатрешноста на печката, употребувајте само
благи и нежни (не абразивни) средства за чистење,
нанесете ги со сунѓер или со мека крпа.
Редовно чистете ја печката и отстранувајте ги можните
остатоци од храна.
Ако редовно не ја одржувате и чистите печката, може да
дојде до нагризување на површината, што негативно влијае
на животниот век на апаратот и го зголемува ризикот од
опасност при неговата употреба.
Ако приклучниот кабел е оштетен, за да се избегне
опасност, истиот може да го замени само производителот,
овластениот сервисер или друг соодветно оспособен
стручњак.
Не дозволувајте приклучниот кабел да виси преку работ на
масата или работната површина или да допира врели
површини.