Микроволновые печи Gorenje CMO-200 DWII - инструкция пользователя по применению, эксплуатации и установке на русском языке. Мы надеемся, она поможет вам решить возникшие у вас вопросы при эксплуатации техники.
Если остались вопросы, задайте их в комментариях после инструкции.
"Загружаем инструкцию", означает, что нужно подождать пока файл загрузится и можно будет его читать онлайн. Некоторые инструкции очень большие и время их появления зависит от вашей скорости интернета.
31
Пречки со радиосигнали
Работењето на микробрановата печка може да предизика пречки на вашиот
радио, телевизиски или друг сличен приемник. Ако дојде до пречки, може да
ги ублажите или да ги отстраните со следните мерки:
а) Исчистете ја површината на вратата и површините на печката каде се
затвора
б) Поставете го радио, односно телевизискиот приемник што подалеку од
микробрановата печка.
ц) За радио, односно телевизискиот приемник употребете соодветно
наместена антена, која ќе овозможи што посилен прием на сигналот.
Поставување
1.
Отстранете ја целата амбалажа од внатрешноста на печката и на
вратата.
2.
Кога ќе ја отстраните амбалажата, проверете да не дошло до видливи
оштетувања на печката, пред сé:
-
изместена врата,
-
оштетена врата,
-
вдлабнатини или дупки на стаклениот прозорец на вратата или на
екранот,
-
вдлабнатини во внатрешноста (комората) на печката.
Ако забележите некое од наведените оштетувања,
НЕ
употребувајте
ја печката.
3.
Микробрановата печка тежи 10,5kg; поставете ја на водорамна подлога
што е доволно цврста да ја издржи нејзината тежина.
4.
Поставете ја печката подалеку од извори на топлина и на пареа.
5.
НЕ ставајте ништо на печката.
6.
Поставете ја печката најмалку осум сантиметри подалеку од страните и
десет сантиметри од задниот ѕид, за да обезбедите доволна
вентилација.
7.
Не отстранувајте ја погонската греда на вртливата подлога.
8.
Како и за секој друг апарат, важи дека децата може да ја користат
исклучиво под внимателен надзор.
ВНИМАНИЕ
– Овој апарат треба да се заземји.
Штекерот на кој е приклучена печката мора да биде лесно дофатлив.
За работа на печката и е потребно најмалку 1,1 KVA.
При местење на печката препорачуваме да се посооветувате со сервисер.
ВНИМАНИЕ:
печката има внатрешна заштита во форма на осигурувач 250V,
8A.